Млеко и банана за мирен сон

Постои народно мислење дека навечер е доволно да се напиете млеко за мирно да спиете. Но, тоа не е сосема точно. Млекото треба да се надополни со банана или некоја друга растителна намирница богата со триптофан, советуваат специјалистите за исхрана.


Триптофанот е животно важна аминокиселина која организмот не може сам да ја произведе, туку ја добива со консумирање млеко и одредени билки како што се бананите, спанаќот, шпагетите со сос од босилек, на пареа приготвен модар патлиџам или брокула, парче леб намачкано со путер од кикиритки.
Ова е особено важно за нервозните личности кои патат од несоница.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.