Многумина не посветуваат доволно внимание на овој дел од телото: Нехигиената ТАМУ може да донесе проблеми

Дали ви се случило за момент да почувствувате непријатен мирис за кој не сте сигурни од каде доаѓа? Можно е тој мирис да доаѓа токму од вашиот папок. Многумина не посветуваат доволно внимание на овој дел од телото, а би требало.

Бактериите од пот, мртвите клетки од кожата или нечистотијата може да се наталожат во папокот и да предизвикаат не само непријатен мирис, туку и инфекција.
Доколку не водите сметка за хигиената на овој дел од телото, можно е да се јави црвенило, јадеж и оток, кој во некои случаи мора да се лекува со антибиотици.

Многумина не посветуваат доволно внимание на овој дел од телото: Нехигиената ТАМУ може да донесе проблеми

Најдобриот начин за сето тоа да се одбегне, е редовно, односно секојдневно да го миете папокот и да се погрижите да не дојде до задржување на водата внатре во него.
Кандидата, габичка која често се јавува под пазувите, на тестисите или во папокот, доведува до црвенило на кожата. Доколку не се третира, може да се развие во нешто посериозно, па тогаш се јавуваат пликови исполнети со течност или гној. Во инфицираниот папок може да се појават дури и цисти исполнети со гној.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.