Многумина се прашуваат како Винсент Касел ги привлекува најубавите дами: Во Кан се појави со 30 години помлада девојка

Винсент Касел (57) и неговата 30 години помлада девојка Нара Баптиста привлекоа внимание на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал.Таа блескаше во елегантен црн фустан со светки, додека тој се одлучи за класичен костум. Тие присуствуваа на премиерата на филмот „Партенопа“ на Паоло Сорентино. Тие расположени им позираа на присутните фоторепортери.
Двајцата почнаа да се забавуваат минатото лето и често се појавуваат заедно на вакви настани. Сепак, тие се уште јавно не се изјасниле за нивната врска.Многу обожаватели истакнаа дека Нара многу личи на поранешната сопруга на Винсент, Тина Кунаки. Тие се венчаа во 2018 година, а во 2019 година ја добија ќерката Амазонија.Гласините за нивниот развод почнаа да се шират во април минатата година, откако ги избришаа заедничките фотографии од социјалните мрежи. Оваа вест набрзо беше потврдена.Винсент многумина го паметат и по бракот со Моника Белучи од која се разведе во 2013 година. Со неа има две ќерки – Дева и Леони. Со оглед на тоа дека овој актер секогаш покрај себе ги има најубавите дами, многумина се прашуваат како му успева тоа.„Треба да не научиш како успеваш да го направиш ова“, „Нара е убава, имаш многу среќа“, „Признавам дека сум љубоморна“, „Овој човек знае да ужива“, се дел од коментарите на социјалните мрежи.

Пронајдете не на следниве мрежи: