четврток, 12 ноември 2026
Најново

Многу студено, температурите до 21степен под нулата

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Рекордно ниски температури за овој период се измерни ова ведро утро во Македонија. Во Берово се измерени – 21 степен, во Битола -20, во Маврово -18, а во Струмица – 17 степени. Според прогнозата на УХМР, студеното време и минусните температури ќе продолжат и во текот на денов.
На планините е формирана снежна покривка која е највисока во Маврово – 66 и во Крушево 27 сантиметри.
Под влијание на влажен и студен бран, утре и во четврток ќе има нови пообилни врнежи од снег, особено во западните делови. Потоа следува период на стабилно и суво време со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во благо покачување.

 

Поврзани вести