ЧИРО БЛАЖЕВИЌ: Момците ми го продолжија животот!

Легендарниот Мирослав Чиро Блажевиќ, хрватскиот селектор кој го донесе првото полуфинале во историјата и бронзата на СП во 1998 година во Франција, веќе подого време е во тешка состојба поради ракот, но не можеше да го искоментира херојскиот подвиг на „коцкестите“ денеска со третото полуфинале во историјата, второ по ред.

Блажевиќ неодамна објави дека му се ближи денот, зашто ракот зема сѐ поголем замав, но иако е во тешка состојба не пропушта шанса да ги гледа хрватските репрезентативци..

„Што да кажам, сине? Многу сум лошо, не е добро, ама овие момци ми го продолжија животот. Многу ме усреќија. Направија чудо и сите мора да сме горди на ова. Направивме сензација за која цел свет зборува. И плачев, да плачев – јас сум плачко“, рече Блажевиќ.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.