среда, 11 ноември 2026
Најново

МНР го осуди опожарувањето на возилата во сопственост на Амбасадата на Бугарија

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија најостро го осудува инцидентот што се случи денеска, при што беше извршено опожарување возила во сопственост на Амбасадата на Република Бугарија во Скопје.

Министерството во реакцијата исто така информира дека се преземаат соодветни мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на сите околности поврзани со настанот.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

– Министерството за надворешни работи и надворешна трговија дава целосна поддршка на надлежните институции во насока на брза, ефикасна и транспарентна истрага, со цел утврдување на одговорноста и соодветно санкционирање на сторителот – се додава во реакцијата.

Поврзани вести