МНР го поддржува интегритетот на Украина по инцидентот кај Керч

Во врска со инцидентот со задржаните украински бродови од Русија во теснецот Керч се огласи и Министерство за надворешни работи на Македонија со поддршка за територијалниот интегритет и суверенитет на Украина.
„Длабоко сме загрижени за ескалацијата на тензиите во Азовско Море и за последиците по мирот и стабилноста. Во согласност со ЕУ ЦФСП, повикуваме за воздржаност, деескалација и целосно враќање на слободата на минување низ Керчки теснец. Ги поддржуваме територијалниот интегритет и суверенитет на Украина“, објави македонското МНР на својот профил на Твитер.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.