МНР: Евакуираните македонски државјани од ОАЕ вечер ќе слетаат во Скопје

Во Скопје вечерва ќе пристигне првата група македонски државјани евакуирани од Блискиот исток. На Меѓународниот аеродром се очекува да слета авион кој треба да врати дел од македонските државјани кои останаа заглавени во Обединетите Арапски Емирати.

Според Министерството за надворешни работи, до средината на следната недела треба да бидат евакуирани сите македонски државјани кои изразиле подготвеност за враќање назад во земјава. Според последните податоци, амбасадата во Доха ја контактирале 150 македонски државјани, од кои 95 изразиле подготвеност за евакуација.

Во амбасадата во Абу Даби се јавиле вкупно 585 лица кои престојуваат во Обединетите Арапски Емирати, како и 36 лица од Кувајт, 15 од Бахреин и 5 од кралството Саудиска Арабија.

Пронајдете не на следниве мрежи: