МНР остро ги осуди најновите руски напади на Украина

Министерство за надворешни работи и надворешна трговија на Северна Македонија преку објава на социјалните мрежи остро ги осуди најновите масовни ракетни и дронски напади на Русија врз Украина.

Министерството наведува дека нападите биле насочени кон Киев и други региони во земјата, при што имало цивилни жртви и значителна штета врз критичната инфраструктура.

„Силно ги осудуваме последните големи ракетни и дронски напади на Русија против Украина“, се наведува во објавата.

Од Министерството повторија поддршка за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, во услови на продолжени напади и ескалација на конфликтот.

Пронајдете не на следниве мрежи: