МОБ: изведба на операта „Норма“од Винченцо Белини 21.10.2022

На сцената на Националната опера и балет на 21 октомври 2022 со почеток во 20.00 часот ќе се изведе една од водечките бел-канто опери во светската оперска литература, ремек делото на Винченцо Белини, „НОРМА“.

„Норма“ е трагична опера во два чина, најмногу се поврзува со магичната арија-молитва на Норма „Casta Diva“. Трогателна приказна за друидската свештеничка и нејзината саможртва во име на љубовта.

Под  диригентската палка на Иван Еминовиќ, во режија на Ренато Бонајуто (Италија), сценограф и костимограф е Флавио Арбети (Италија), коавтор на костимите: Марија Пупучевска, концерт-мајстор: Јане Бакевски , хор-мајстор: Ѓурѓица Дашиќ.

Во насловната улога ќе настапи Весна Ѓиновска-Илкова, во улогата на Полионе, Зоран Сотиров, во улогата на Адалџиза ќе настапи Сандра Митровска, во улогата на  Оровезо, Владимир Саздовски, во улогата на Клотилде , Соња Пендовска Мадевска, во улогата на  Флавио, Дејан Стоев, Деца: Василиј и Стефан Дашиќ.

Настапуваат хорот и оркестарот на Националната опера и балет.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.