Могерини: ЕУ ќе го поздрави историскиот успех на Скопје и Атина

Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика пред почетокот на Советот на министри за надворешни работи порача дека утрово министрите ќе го поздрават историскиот успех што го постигнаа двете страни со Преспанскиот договор, јави дописничката на МИА од Брисел.
Решавањето на спорот за името е една од ретките добри вести за ЕУ, посочи Могерини пред почетокот на состанокот.
-Мислам дека сите ќе бидат среќни што ќе можеме да започнеме со нешто постигнато после толку работа, благодарение на импресивното лидерство, храброст и одлучност на лидерите и на народите на двете земји, изјави Федерика Могерини.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.