Могерини: Северна Македонија и Албанија го сработија своето, сега ЕУ треба да го исполни својот дел

На денешната прес-конференција по објавување на извештаите за напредок на земјите од Западен Балкан, шефицата за надворешна политика на ЕУ, Федерика Могерини истакна дека Северна Македонија и Албанија се подготвени за отпочнување на преговорите.
– Тие го сработија своето и сега ЕУ треба да го исполни својот дел. Дискусиите сега се во земјите- членки, дали тие се подготвени за отпочнување на преговорите… Тоа е комплициран процес, рече Могерини.
Еврокомесарот Јоханес Хан истакна дека препораката на ЕК е кристално чиста. Тој посочи и дека не може да предвиди колку брзо земјите- членки ќе донесат одлука, но е во интерес на ЕУ, тоа да се случи што поскоро за да се испрати сигнал до регионот дека е награден за сработеното.
– Со задоволство Северна Македонија и Албанија ја реализараа можноста за трансформација на нивниот правосуден принцип. Северна Македонија продолжи со амбициозната реформска агенда и се разреши спорот со името, договорот со Бугарија е пример за зацврстување на регионалната соработка, што е светол пример. Двете земји ги имаат испорачано реформите. ЕК предлага советот сега да го отвори датумот за почеток на преговорите со Северна Македонија и Албанија, изјави Хан.

 

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.