петок, 27 ноември 2026
Најново

Моди ги повика Индијците да штедат гориво

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Индискиот премиер Нарендра Моди денеска ги повика граѓаните и компаниите да штедат гориво и да работат од дома за да ја намалат потрошувачката на бензин и дизел, бидејќи порастот на глобалните цени на енергијата ги оптоварува девизните резерви на земјата, пренесува БТА.

– Луѓето и компаниите треба да дадат приоритет на враќањето на работа од далечина и онлајн состаноци, кои се применуваа за за време на врвот на пандемијата COVID-19, што укажува дека ова би и користело на земјата, рече Моди.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Индискиот премиер додаде дека поради високите глобални цени на горивата, Индија треба да ги заштеди девизните резерви со користење помалку бензин и дизел. (МИА)

Поврзани вести