петок, 27 ноември 2026
Најново

Можно примирје во Газа за неколку дена?

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Германскиот канцелар Фридрих Мерц разговарал со израелскиот претседател Исак Херцог и изразил надеж дека договор за ослободување на заложниците и прекин на огнот во Појасот Газа би можел да се постигне во наредните денови.Преговорите меѓу Израел и Хамас продолжуваат во египетскиот Шарм ел Шеик, со посредство на САД, Катар, Египет и Турција. Според CNN, на разговорите ќе се приклучат и специјалниот пратеник на Доналд Трамп, Стив Виткоф, и неговиот зет Џаред Кушнер.Трамп го оцени викендот како „многу позитивен“ и рече дека првата фаза од неговиот мировен план може да биде завршена оваа недела. Планот предвидува Хамас да ги ослободи сите заложници, додека Израел постепено ќе ги повлекува трупите и ќе ослободи околу 2.000 палестински затвореници.Во преговорите се разгледуваат и деталите околу идното управување со Газа и создавање меѓународни стабилизациски сили во кои би учествувале земји како Египет, Јордан, Турција, Саудиска Арабија и ОАЕ.

Поврзани вести