Молба за присуство на рочиште кое ќе се одржи на ден 4.12.2020 година (петок) во 12ч и 30 минути

Денес во 12 часот и 30 минути ќе се одржи судење за предметот познат
во јавноста како ,,ТНТ,,. Сметам дека присуството на медиумите и
невладините организации е од круциално значење бидејќи денес планирано е
да сведочи лицето Ардијан Амзоски кој бил но и сеуште е управител на
фирмата ,,Фине,, која го гради комплексот Космос.

Денес одбраната пред целокупната македонска јавност ќе покаже и
докаже како предметот ,,ТНТ,, е монтиран случај. Ќе докажамe поради кои
причини тогашното СЈО односно тогашната специјална обвинителка  а сега
обвинета Катицца Јанева и обвинителот Бурим Рустеми ја повлекле
кривичната пријава против Ардијан Амзоски и фирмата ,,Фине,, само во рок
од 3 дена по превземањето на предметот, без притоа да обезбедат било
каков дополнителен документ. Зошто и од кои причини наместо да се гонат
оние што градат спротивно на Закон се гонат оние што санкционираат диво
нелегално градење. Ќе покажеме што точно значи пораката која пред некој
ден беше презентирана пред македоската јавност која Ардијан Амзоски ја
праќа до Бојан Јовановски ,,СЈО денес го повлече предметот. Ти
благодарам. Ајде сега да работиме,,. Ќе покажеме дека предметот е
повлечен во Октомври 2017 година а Ардијан Амзоски како благодарност во
Јануари месец  2018 година, преку фирмата ,, Дрим Билдинг,, исплаќа
250.000 евра на невладина организација, средства кои биле повисоки од
вкупните приходи на оваа компанија.

Почитувани,

На последното рочиште бевме држани повеќе од 7ч во просторија од 50
м2 (сала број 6) каде присуствувавме 30 лица, а меѓу нив беше и Миле
Јанакиески со Решение за изолација кој иако е со решение за изолација
спротивно а сите здравствени протоколи учествува на судењата . Ова мое
обраќање е и до здраствените власти да присуствуваат на ова рочиште да
проверат дали се почитуваат Протоколите од заштита од Корона вирусот
бидејќи на отворено едозволено групирање по 4 лица со заштитни маски
аниево судница по 30 луѓе (судии подот и и адвокати обвинети и.т.н) без
никаква вентилација и проветрување спротивно на сите здравствени
протоколи со лице во изолација држиме маратонски судења за ТНТ, за кој
се одлага и денешното рочиште за 27 Април

Зошто спротивно на се повторно ТНТ има приоритет пред сите судења –
други предмети кои се одлагаат заради одржувања на ТНТ?????!

Однапред Ви благодарам.

Со почит,

Адвокат

Јовица Страшевски

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.