Момци-не барајте идеална девојка, бидете вие идеалниот за неа!

Всушност вашата идеална девојка не е толку идеална. Едноставно, вие толку многу сте се поврзале со тој идеал, па сте ја идеализирале до тој степен, да не можете повеќе да ја гледате како личност.
Замислете како би се чувствувале ако вашата девојка од соништата, ви соопшти дека би можела да биде со вас. Таа имала некој друг на ум, но тој не и е на дофат дофат, па со неподготвеност решила да ве “искористи” вас. Омаловажуван? Несоодветен? Патетичен? Не го правете тоа на некој друг.
Во ред,  сакате идеална девојка? Големи се шансите дека таа веројатно не е онаква каква што мислите дека е – но тоа не значи дека обидот е бесцелен. Тоа може да биде повик за будење кој вам ви е потребен.
Една од добрите но и нефер работи да се биде маж, е дека имате огромна можност да ја зголемите вашата привлечност. Додека жените се оценувани најмногу поради нивниот изглед, мажите се оценувани според тоа кои се и што се. Тоа е добра вест за вас, затоа што со вашиот добар став, имате големи шанси за подобрување.
Прво, заборавете на “бркање” девојки. Кога сте очајни, не сте им атрактивни, па треба да се сконцентрирате на друго место. Најатрактивните момци ретко бркаат девојки. Најмалку атрактивните момци се “лигави”,нападни и досадни. Не се бидете еден од нив.
Значи, треба да изработите сопствена мисија за да се подобрите. Ова се работи кои се доста лични за вас, но генерално вие сакате да направите подобрување во вашата состојба, богатство, изглед, социјална свест и развивање на широк спектар на интереси и вештини. Ова не е 20-минутна вежба, треба да бидете подготвени на макотрпна работа која бара голема посветеност.
Неколку примери:
 
-Волонтирајте: давајте крв, учете, изградете свое засолниште
-Запишете се на курс по танц
-Скокајте од падобран
-Научете како да готвите
-Патување некаде каде што ќе се преродите
-Одберете спорт и бидете добар во тоа
-Бидете член во библиотека
-Научете повеќе за јазикот на телото и човечката психологија
-Побарајте ги најдобрите медиуми – музика, филм, книги – и развијте длабоко разбирање за нив
-Научете магичен трик
-Започнете сопствен бизнис
-Одржете јавен говор
-Научете како да се облекувате со стил
-Донирајте пари за добри цели
-Започнете со креативен проект – како краток филм, или краток расказ
-Научете да свирите на музички инструмент
-Направете многу пари
-Трчајте
Направете нешто што ќе ги инспирира сите останати. Направи нешто што ќе ве инспирира и вас. Вие буквално ќе биде подобра личност, и пред очите на останатите ќе изгледате попривлечно. Вашиот живот треба да биде сведоштво за големината, а не самосожалувачки ѕид.
Всушност вашата идеална девојка не е толку идеална. Едноставно, вие толку многу сте се поврзале со тој идеал, па сте ја идеализирале до тој степен, да не можете повеќе да ја гледате како личност. Таа мисла ве фрла во депресија. Вие треба да ја насочите истата таа енергија, но на друго место.
Единствено вие можете да ги свтртите работите во саканата насока. Вашиот живот е ваша приказна која треба да ја напишете – а херојот секогаш ја добива девојката.Всушност вашата идеална девојка не е толку идеална. Едноставно, вие толку многу сте се поврзале со тој идеал, па сте ј

Пронајдете не на следниве мрежи: