„МОМЦИ СИЛУВАЛЕ ДЕВОЈЧЕ И СНИМАЛЕ“ Ужас во шума: Момче намамил тинејџерка, па оставил куп пријатели да се забавуваат со неа, најмладиот имал 11 години

Тинејџерка била одведена во шумата од нејзиното момче за да биде сексуално нападната од неговите пријатели во Белгија кои го снимиле нападот на нивните телефони и ги споделиле сликите на социјалните мрежи, според извештаите, за случајот што ја шокирал земјата.Во периодот од 2 до 6 април за време на велигденските празници, 14-годишно девојче до три пати било малтретирано од десет малолетници, велат од обвинителството.Главниот осомничен – 14-годишното момче на девојчето – наводно го однел девојчето со себе во шумската област Кабутербос во Западна Фландрија. Местото е популарно кај планинските велосипедисти и е блиску до автопатот.Додека биле таму, нејзиното момче ја нападнало пред наводно да дозволи уште неколку момчиња сексуално да ја нападнат, пишува Дејли мејл .Извештаите велат дека групата го снимила нападот на нивните паметни телефони и ги објавила клиповите на социјалните мрежи.Обвинителите уапсија десет осомничени на возраст меѓу 11 и 16 години – за кои локалните медиуми велат дека се момчиња од „имигрантско потекло“ – и ги привеле на сослушување.Оттогаш се појавиле повеќе детали за осомничените.Повикувајќи се на „добро поставени извори“, белгискиот медиум Nieuwsblad го опиша момчето како „љубовник“ кој намерно им дозволувал на пријателите да ја малтретираат неговата млада партнерка.

Пронајдете не на следниве мрежи: