Се бараат со потерница, а на случајот работи и Интерпол, откако таткото и синот по тешката сообраќајка во Капиштец избегаа во соседна земја.
Од МВР потврдуваат дека се преземени сите правни дејствија, известени се колегите од земјата во која е констатирано дека заминале, односно биле превеземени од двајцата помагачи.
Против момчето кое ја прегази жената е поднесена кривична пријава за „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ и за ,,неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода”.
Тој без возачка дозвола прегази 79 годишната жена во центарот на Скопје и сега е во бегство.
Полицијата издаде меѓународна потерница за осумнаесет годишниот возач и неговиот татко, кои ја напуштиле државата по сообраќајната несреќа.
Полицијата преку камерите на „Безбеден град“ и дополнителни проверки на камерите на околните објекти, како и изјави на сведоци, утврдиле дека Пасатот е во сопственост на 45 годишниот татко на момчето.
Казните за двете кривични дела за кои се сомничи момчето се движат од една до десет години и од три месеци до пет години.



