Момче во Карпош нападнато од врсници – му се заканувале и навредувале, а снимале со телефон

Врсничко насилство е регистрирано во полицискиот билтен, што се случило вчера во Основно училиште во скопската населба Карпош.

Според информацијата, вчера околу 14:30 часот во ходник од основно училиште, 10-годишно дете било физички нападнато од двајца негови соученици, кои потоа во училишниот двор му се заканувале и го навредувале, а едниот од нив снимал со мобилен телефон.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти полицијата.

Пронајдете не на следниве мрежи: