четврток, 12 ноември 2026
Најново

Момче прегазило пиле на сосед па го однело во брза помош

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Дете од Мизорам во Индија се обидело да спаси едно пиле на соседот така што го однело во брза помош, откако случајно го прегазило со велосипед.
Фотографијата на детето беше објавена на Фејсбук од корисник под името Санга Сајс, со опис кој објаснува што точно се случило.


„Ова мало момче од Мизорам, случајно го прегази пилето на соседот со својот велосипед . Го зема пилето, отрча во најблиската болница, а ги земал и сите пари што ги имал, побара помош и побара од докторот да го спаси пилето”.


На фотографијата, која брзо се рашири на социјалните мрежи, го покажува момчето кое во една рака го држи пилето, а во другата рака парите.
Во коментарите, многумина се воодушевени од добрината и невиноста на момчето, и многумина го фалат поради тоа што преземало одговорност.
Момчето подоцна добило награда во неговото училиште поради тоа како се однесувало во ситуацијата.

Поврзани вести