Момче со аутизам си го запозна својот херој: „Поради тебе ова дете повторно зборува“!

Тони Старк уште ги инспирира фановите.
За време на неговиот ангажман во шоуто на Елен во вторникот, Роберт Дауни Јуниор имаше можност да се запознае со еден од неговите најголеми обожаватели, 10-годишното момче со аутизам чија љубов кон Iron Man му помогнала да ја врати способноста да зборува.

Малиот Винсент ја изгубил способноста да зборува кога имал 12 месеци, а на 4-годишна возраст му бил дијагностициран аутизамот.
Потоа, откако добил на подарок маска со Iron Man на возраст од 6 години, му се вратила можноста за зборување.
Сето тоа било благодарение на маската од суперхеројот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.