Момче (14) е убиено од ајкула во близина на позната плажа која е многу популарна кај туристите

Телото на момчето било пронајдено на 30 до 40 метри од брегот во Австралија

Момче (14) било пронајдено мртво кога било нападнато од ајкула во близина на плажата Етел, многу популарно летувалиште во Јужна Австралија .

„ За жал, телото на тинејџерот е извлечено од водата “, изјави портпаролот на јужноавстралиската полиција.

Телото на момчето било пронајдено на 30 до 40 метри од брегот, а плажата Етел е многу познато место и популарно за сурфање до кое се стигнува по малку непристапен пат.

Локален рибар истакна дека ајкулите не се невообичаени на овие простори и дека често гледале и поголеми.

„Сум видел многу ајкули во последните 22 години, но ова е првиот напад што го имаме овде. Не би посакал никому да биде на плажа во тоа време. Мислам дека целиот град тагува, тоа е многу тажно и трагично“, рече жителот и сурфер на Мерион Беј Лук Сикора, пренесува news.com .

Ова е петти напад на ајкула во водите на Јужна Австралија во 2023 година, од кои три биле фатални.

Пронајдете не на следниве мрежи: