МОМЧЕ (14) СЛУЧАЈНО ПУКАЛО ВО СВОЈОТ ПОМАЛ БРАТ (11) И ГО УБИЛ: Го пронашол блиску до куќата, оружјето било пријавено украдено

14-годишно момче го убил својот помлад брат (11) кога нашол пиштол во близина на куќата,Полицијата од Санкт Петербург, Флорида, во Соединетите Американски Држави, во петокот нешто по пладне пристигнала во куќата и го пронашла мртвото момче Амир Вилијамс (11), пишува „Ен-Би-Си Мајами“. Момче (14) пронашло пиштол во близина на куќата и го застрелало својот помлад брат кој имал 11 години.Момчето починало на лице место. Учениците во петокот имале слободен ден на училиште, а Амир (11) бил дома со постариот брат (13) и постарата сестра (13).Мајката во тој момент не била дома. Братот на Амир во полиција изјавил дека го пронашол пиштолот и дека никој од семејството не знаел дека го има, а само два дена пред оваа трагедија е пријавено дека е украден пиштол во Санкт Петербург.

Пронајдете не на следниве мрежи: