Момче (2) јадело пелени за да преживее, а потоа починало со само седум килограми и тело покриено со модринки и каснувања: Полицијата објави фотографија од РОДИТЕЛИТЕ ОД ПЕКОЛОТ

Незамислив случај, кој не е виден ниту во филмовите, е снимен во Индијана. Момчето Ерик Рајхарт починало од тешка неухранетост и дехидрација, а подоцна се открило дека пред да умре – јадел гипс картон и пелени.

Итните служби на Тел Сити биле повикани во домот на семејството на 31 март бидејќи детето (2) посинело и не дишело. Таткото на малиот, Тревор Рајхард-Хејс (39), им рекол на полицајците дека момчето во таква состојба го пронашла Кетрин Картер (31), неговата сопруга и мајка на малиот Ерик.

Обид за реанимација бил даден, но за жал не вредело и момчето било прогласено за мртво на самото место. Родителите наводно им кажале на властите дека последен пат го посетиле момчето претходната ноќ околу 23 часот.

На лице место, детективот видел дека Ерик живее во нехумани услови: во детската соба биле пронајдени измет, многу гипс-картонски плочи, пелени и разни инсекти, пишува списанието „Пипл“. Малиот Ерик тежел само седум килограми, а неговото тело било полно со рани и траги од каснувања од инсекти.

Обдукцијата покажа дека изгладнетото момче јадело гипс картон и пелени. Сопружниците Тревор и Кетрин беа уапсени на 3 април, а нивните две деца беа земени од социјалните служби.
The post Момче (2) јадело пелени за да преживее, а потоа починало со само седум килограми и тело покриено со модринки и каснувања: Полицијата објави фотографија од РОДИТЕЛИТЕ ОД ПЕКОЛОТ appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: