Момчињата избодени во нападот во лондонско училиште се надвор од животна опасност

Две момчиња на возраст од 12 и 13 години, кои беа избодени со нож во средно училиште во северозападниот дел на Лондон , се во стабилна состојба и нивните животи не се загрозени, соопшти денес британската полиција.

Полицијата објави дека повредите на нападнатите момчиња се сериозни, но не се опасни по живот и дека тие се уште се во болница во стабилна состојба.

Нападот се случил во вторник околу 12:40 часот во средното училиште во Брент, а едно тринаесетгодишно момче е уапсено под сомнение за обид за убиство, објави Скај њуз.

Осомничениот, кај кого беше пронајдено оружје, беше приведен кратко по 18:00 часот, по претрес.

Во истрагата се вклучени и членови на антитерористичката единица, додека полицијата изјави дека нападот сè уште не е окарактеризиран како терористички чин и дека се разгледуваат сите можни мотиви.

Во писмо до родителите, директорот на училиштето изјави дека станува збор за „длабоко трауматичен настан за целата училишна заедница“, додека британскиот министер за внатрешни работи, Шабана Махмуд, го опиша нападот како „шокантен“.
The post Момчињата избодени во нападот во лондонско училиште се надвор од животна опасност appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: