Мораше да ѝ ја скрати косата на својата мајка заради хемотерапија, но она што го направи ги воодушеви сите

Еден син успеа без зборови да ја поддржи својата мајка во најтешките моменти и да и покаже дека е тука за неа
Како што може да се види на снимката што деновиве стана хит на социјалните мрежи, еден бербер имаше многу тешка задача пред себе.

Тој требаше да и ја избричи главата на својата мајка која што ја губи косата заради хемотерапија.

Жената седи на столчето, со тажен поглед и свртена кон огледалото, додека нејзиниот син целосно и ја отстранува косата.
Но набргу потоа тој ја врти машинката кон својата глава и почнува да ја крати и својата коса само за да ја расположи својата мајка.

И додека мајката збунето гледа што прави нејзиниот син Гиљермо, доаѓа и неговиот колега Фернандо кој бара и него да го истрижат.
И додека Клаудија, мајката на ова момче, со солзи во очите гледа што се случува, им приоѓа и третиот колеги и тој го прави истото.

Оваа храбра жена одеднаш во одразот од огледалото не гледаше само својот тажен лик, туку и големите срца на оние што се тука со неа.
Видеото нејзиниот син го објави на својот Инстаграм каде и претходно објавувал видеоснимки со својата мајка на која и е најголема поддршка додека таа се бори со туморот. На една нивна заедничка фотографија се гледа венец цвеќе на главата на неговата мајка, а нивните насмевки никого не оставаат рамнодушен.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.