Вчера Грција претрпе удар од силен циклон од Јадранското Море. Тој предизвика силни јужни струи, па поголемиот дел од земјата беше покриен со честички пустински песок од Сахара . Атмосферата беше многу загадена.
Во исто време, низ целата земја дуваше силен јужен ветер.
Најкритична беше ситуацијата во областа на Егејското Море, каде што јужниот ветер имаше бурни налети од 100 км/ч, па се кренаа многу високи бранови, кои ги поплавија крајбрежните области.
View this post on Instagram A post shared by Nikana.grLetovanje u Grčkoj (@nikana.gr)
Многу интересна ситуација се случи во Паралија и во Олимпик Бич. Иако небото беше сосема ведро и немаше ниту капка дожд, улиците беа покриени со голема количина вода.
Причината за ова е токму силната јужна струја, но и високата плима, како и многу нискиот воздушен притисок, што доведе до поплавување на крајбрежните подрачја, поради што улиците и цели населби со згради беа под вода.
Исто така беше многу топло, со температури до 20 степени.
The post Морето го поплави популарното грчко одморалиште: Сè е под вода, сцените се неверојатни appeared first on Во Центар.



