Морничави детали од пожарот, температурата достигна 500 степени! Бројот на жртви се искачи на 128, ужас во Хонг Конг

Бројот на жртви во ужасниот пожар, кој зафати неколку солитери во Хонг Конг , се искачи на 128. Властите објавија дека телата на најмалку 16 жртви сè уште се во изгорените згради и дека 89 жртви сè уште не се идентификувани.

Како што истакнаа, повредени се 79 лица.

Официјалните лица велат дека пожарот започнал на долното ниво, а потоа се проширил на горните катови. Тие додаваат дека причината сè уште не е утврдена, но дека истрагата е во тек.

Во својот врв, температурата на пожарот достигнала 500 степени Целзиусови, велат тие, забележувајќи дека поради ова, пожарот повторно се разгорел на некои места откако бил изгаснат. Тие потврдуваат дека сите пожари биле изгаснати околу 10:18 часот по локално време.

Да ве потсетиме дека пожар избувна во среда во станбениот комплекс Ванг Фук во Таи По, а властите уапсија уште двајца директори на консултантската фирма „Вил Пауер Архитектис“, задолжени за проектот за реновирање на зградата.

Ова е најлошиот пожар во Хонг Конг во последните 70 години.

Пожарот што избувна во среда попладне брзо се прошири на седум од осумте блока на комплексот. Пожарникарите го ставија пожарот под контрола до петок, но 56 лица се уште се во болници, а 79 се повредени. Примени се 467 пријави за исчезнати лица, додека статусот на околу 200 лица е непознат.

Прелиминарната истрага утврди дека лифтовите на катовите биле затворени со лесно запалив стиропор, што придонело за брзото ширење на пожарот и ги зафатило становите низ ходниците. Исто така, мрежестата заштита и плочите што се користеле однадвор не ги исполнувале прописите за противпожарна безбедност.

Еден ден претходно, тројца високи вработени во „Престиж Констракшн енд Инженеринг“, вклучувајќи двајца директори, беа уапсени под сомнение за убиство од небрежност. Истражителите велат дека компанијата користела несоодветни материјали за скелиња и ги блокирала прозорците со стиропор, што придонело за трагедијата.
The post Морничави детали од пожарот, температурата достигна 500 степени! Бројот на жртви се искачи на 128, ужас во Хонг Конг appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: