четврток, 12 ноември 2026
Најново

Москва се разбуди на 9,7  Целзиусови степени

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Температурата во Москва во ноќта меѓу четвртокот и петокот падна 9,7 Целзиусови степени, што е најниска измерена вредност во градот од јули наваму.

Метеорологот Михаил Леус соопшти дека студените воздушни маси продолжиле да се движат кон централниот дел на европска Русија, што донело невообичаено свежа ноќ во Москва. Тој најави најави дека и следната ноќ ќе биде релативно студена.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Ова се случува откако од јуни Москва беше на удар на серија топлотни бранови поради кои во август беа регистрирани невообичаени 32 до 33 степени, поради што беше издаден и портокалов метеоролошки аларм.

Според метеоролошките податоци, овој јули  бил најтопол во Русија од 1891 година, откога се мерат температурите.

Поврзани вести