На социјалните мрежи се шират видеа од моторџии кои возат на едно тркало и изведуваат маневри по улиците. Дел од граѓаните прашуваат дали некој ќе сноси одговорност за ова.
– Ќе ги собере некој на разговор? прашува познатиот твитерџија Сафра Шпанац, кој објави неколку видеа.
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски најави дека ќе бидат санкционирани ваквите моторџии, додавајќи дека вистинските моторџии се придржуваат до сообраќајните правила и прописи.
– Најавувам дека за тие кои глумат дека се моторџии, односно возат мотор без кацига, со далеку поголема брзина, возат на црвено светло, го креваат моторот на едно тркало, и мислат дека камерите на ‘Безбеден град’ не ги детектира, МВР ќе биде фокусирано на нив, особено во градските средини. Слободно можам да кажам дека ќе ги изгориме. Ќе останат и без мотори и без можноста да глумат дека се моторџии, рече Тошковски на прес-конференцијата со А1 Македонија на која беше најавена кампања за безбедност во сообраќајот.
The post Моторџии возат на едно тркало, ќе има ли одговорност appeared first on Provereno.
Пронајдете не на следниве мрежи:



