Мотоциклист го загуби животот вечерва во тешка несреќа во скопската населба Чаир, објави „Журнал“.
Засега не се знаат точните околности под кои се случила трагичната несреќа. Според информациите од очевидци, тој возел со голема брзина и се слушнал силен удар.
Мотоциклистот починал на самото место. Лекар од Брзата помош која веднаш пристигнала можел само да ја констатира смртта.
Пронајдете не на следниве мрежи:



