МП: Постапката за екстрадиција на Груевски продолжува, тој е лице кое е предмет на правосилни судски одлуки

Независно од сите шпекулации и неофицијални информации за евентуалниот статус што го има во Унгарија, Никола Груевски останува државјанин на Република Северна Македонија и е лице кое е предмет на правосилни судски одлуки и активни постапки, велат од Министерството за правда откако денеска беше објавено дека Груевски веќе има унгарско државјанство.
Министерството за правда нагласува дека постапката екстрадиција на Груевски продолжува согласно домашното законодавство, билатералните договори и меѓународните конвенции.
Велат дека ќе ги преземат сите правни и дипломатски чекори во комуникација со надлежните органи во Унгарија.
Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека Владата нема информација дека Груевски има унгарско државјанство.
– Ние немаме таква информација, изјави Мицкоски од Гевгелија.
Истражувачкиот портал „ВиСквер“, повикувајќи се на извори од унгарската Влада, објави дека во 2022 година Груевски добил целосно унгарско државјанство врз основа на „државен интерес на Унгарија“.
Неговата екстрадиција се актуелизираше откако во Унгарија на изборите изгуби дотогашниот премиер Виктор Орбан во чие време Груевски избега во Будимпешта.
The post МП: Постапката за екстрадиција на Груевски продолжува, тој е лице кое е предмет на правосилни судски одлуки appeared first on Provereno.

Пронајдете не на следниве мрежи: