Мртвото и разголено тело на славната руска блогерка најдено во куфер, снимено со камера

Руската докторка и позната блогерка, Екатерина Карагланова (24) е пронајдена мртва во изнајмениот стан во Моска, а целиот настан е опишан како злодело од хорор филм. Полицијата потврдила дека преубавата Русинка е пронајдена со пресечен врат и повеќе убодни рани по телото, пренесе Daily Mail. Полицијата го поврза делото со Максим Гареејев (33), а полициската истрага потврди дека разголеното тело на Екатерина е пронајдено во куфер во нејзиниот стан, каде и се случило убиството. Освен што водела популарен блог, таа остварила и успешна кариера како дерматолог и била советник за сексуално здравје. На Инстаграм профилот, каде била позната под името Кети, ја следеле повеќе од 80 илјади обожаватели, а многумина ја споредувале со британската актерка и модна икона Одри Хепберн.
Но, освен се ова Екатерина работела како ескорт дама за да може да ги плати студиите на медицина. На Интернет постојат многу нејзини фотографии со експлицитна содржина. Исто така, постојат и наводи дека и пристигнувале и закани за фотографиите, но таа никогаш ништо не пријавила.
Кобниот ден во нејзиниот стан се појавил Гареејев, а камерите го симиле со куфер во рацете.
Кога дознал дека таа се подготвува да замине за Холандија со постар маж, неколку пати ја прободел во градите. Потоа сакал да ја стави во куфер и да се ослободи од телото, но куферот бил премал, па затоа го оставил во станот.
Тој тврди дека Екатерина ја видел и на сајтови кои нудат сексуални услуги, но како што вели не можеле да се договорат за цената, затоа што таа сметала дека е прениска.
– Ме навреди, го уништи моето сексуално достоинство и се смееше на моите финансиски можности. Не можев да го поднесам тоа, па ја избодев најмалку пет пати во градите и вратот. Се каам и ќе соработувам со властите, рекол тој.
Откако Екатерина не одговарала на повиците, нејзините родители се јавиле на соседите да проверат дали е таа во станот, а таму го пронашле нејзиното мртво тело спакувано во куфер. Кога татко и го видел мртвото тело на својата ќерка спакувано во куфер, се онесвестил.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.