Мртов маж пронајден покрај пат во тетовско

Вчера околу 16 часот безживотно тело на 67 годишен маж е најдено покрај пат во тетовското село Рогачево. СВР Тетово информира дека на телото немало траги на насилство, но јавен обвинител дал наредба да се направи обдукција.
– На патот во селото Рогачево бил пронајден починат Г.К.(67) од Скопје. Од лекар од итна медицинска помош во Тетово била констатирана смрт, без траги на насилство. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово.По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено за обдукција, информираа денеска од службата за односи со јавноста при СВР Тетово.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.