Познатиот српски пејач МС Стојан ретко кој очекуваше да стане вистинска ѕвезда во регионот пред неколку години кога се појави во јавноста, но годините потоа го покажаа спротивното.
Денеска неговите песни се вистински хитови и најслушани, а настапите рекордно посетени.
Како што сам за српските медиуми има откриено дека од настап заработува 8 илјади евра, а со оглед на тоа што настапува секој викенд пејачот на годишно ниво заработува вистинско богатство.
Сепак тој пари не заработува само од музиката, пејачот има свој бизнис и модна линија на тренерки со неговиот потпис.