Муареми: Ставревски беше во финансиската полиција на информативен разговор

Пред неколку дена поранешниот министер за финансии, Зоран Ставревски беше забележан пред седиштето на Финансиската полиција во Скопје. Директорот на финансиската полиција Арафат Муареми, потврди дека бил кај нив.
– Зоран Ставревски беше повикан во финансиската полиција на информативен разговор за предмет кој е во предистража постапка и истиот откако го даде исказот пред припадниците на финансиската полиција, си отиде – изјави Муареми.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.