Португалскиот стручњак Жозе Мурињо имаше навистина озлогласена епизода во Истанбул на клупата на славниот Фенербахче.
Имено, покрај тоа што не ја освои долгоочекуваната титула, Мурињо помина 16 месеци во Истанбул и живееше во хотелот „Фор Сизонс“, чија вкупна цена изнесуваше речиси 750 илјади евра.
Турскиот весник „Јеничаг Газетеси“ пишува дека Португалецот наводно го напуштил поранешниот клуб со неплатена хотелска сметка во износ од 747 илјади евра.
За потсетување, Мурињо беше отпуштен откако беше елиминиран во плејофот за групната фаза од Лигата на шампионите од Бенфика, клубот што сега го води. Иако беше отпуштен, Мурињо има право на значителна отпремнина од околу 15 милиони евра за предвремено раскинување на договорот што требаше да трае до 2026 година.
Останува нејасно кој ќе ја плати хотелската сметка, Мурињо или неговиот поранешен работодавач.
The post Мурињо живеел во хотел во Истанбул, оставил долг од речиси 750 илјади евра appeared first on Во Центар.



