Мурињо: Ние му помогнавме на Левандовски

Жозе Мурињо и Реал, во Дортмунд, го забележаа најтешкиот пораз оваа сезона во сите натпреварувања.Дефанзивците на Реал, особено Пепе долго ќе го паметат Роберт Левандовски стрелецот на головите со кои Борусија го совлада Реал со 4:1, во првиот полуфинален натпревар во Лигата на шампиони.„Знаевме се за него, секој детал, а сепак го загубивме кај три погодоци. Тоа е разочарувачко. Момчето ги заслужува сите пофалби за она што го направи, но ние му помогнавме да биде играч на натпреварот“, рекол Мурињо.Реал во текот на целиот натпревар делуваше анемично на теренот, Борусија беше многу подобар противник, а ’единствениот гол ’кралевите’ го постигнаа по грешката на Хумелс.„Не знам како од 1:1 се стигна до 4:1. Не знам. Се се случи многу бргу. Лесно губевме топки и не можевме да се избориме со нивните контра напади и нивната брза транзиција“, заклучил Португалецот.Реванш натпреварот по кој ќе биде познат тимот кој ќе игра во финалето ќе се одигра на 30.април во Мадрид.
МакфаксЖозе Мурињо и Реал, во Дортмунд, го забележаа најтешкиот пораз оваа сезона во сите натпреварувања.Дефанзив

Пронајдете не на следниве мрежи: