петок, 27 ноември 2026
Најново

Мурињо објави фотографија со Пандев нарекувајќи го „македонскиот крал“

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај


Пандев беше во Тимот на светот предводен од Жозе Мурињо заедно со Стоичков, Савиола, Нуњо Гомеш, Ривалдо, Литманен, Карагунис, Панучи, Мајкон, Коуто, Ѓукиќ, Дида, Фреј…

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

За репрезентацијата на Романија која стигна до четвртфиналето на Мундијалот во САД 1994 настапија легендарниот Ѓорге Хаџи, како и Попеску, Димитреску, Лупеску, Дан Петреску, Пруена, Виореал Молдован…

„Навистина бев пријатно изненаден за поканата и сакам да упатам благодараност до романската фудбалска легенда Ѓорге Хаџи. Чест ми беше да играм на еден таков голем натпревар со толку многу легенди. Ова е потврда дека фудбалот обединува. Фудбалската магија не познава години, граници, боја и раса, туку спојува“, рече Пандев.

Пандев и Ривалдо беа стрелци против златната генерација на Романија која славеше со 3:2 со головите Пандуру, Хаџи и Галка.

Ревијалниот меч се одигра пред скоро 55.000 гледачи, а Мурињо објави стори со Пандев и го нарече „Македонски крал“.

Поврзани вести