Муслиманските верници го слават Рамазан Бајрам

По едномесечниот пост, во кој верниците се воздржуваа од храна и пијалоци од зора до зајдисонце, денеска во џамииите се служи утринска Рамазан-Бајрамска молитва, но верниците поради коронавирусот годинава главно остануваат на отворено, пред џамиите.
Рамазан, деветиот месец во исламскиот календар, воедно е и месец на почетокот на објавата на Коранот. Поголемиот дел верници од исламска вероисповед и во С. Македонија овој празник го слават три дена, тоа е период на посети, семејни собири и масовни дневни гозби, но поради пандемијата на коронавирус втора година по ред тоа се прави во видоизменета форма со почитување на мерките за епидемиолошка заштита.
Во текот на Рамазанскиот пост муслиманските верници се обврзани да даваат садакатул-фитер, милостина на сиромашните. За празникот се испраќаат пораки со солидарност и изрази на морална помош. На Бајрам се потсетува на сиромашните, децата без родители и на осамените.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.