Наш неостварен стратешки приоритет е отворањето на преговорите и што побрзото членство во Европската Унија, нагласи министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски.
Муцунски нагласи дека државата постојано ја следи дискусијата во рамките на европските институции и различните дебати што се водат.
„Секако, ја следиме дискусијата, како и различните дебати што постојат, но во овој момент наш стратешки, неостварен надворешнополитички приоритет на државата е отворање на преговорите за членство и што е можно побрзо полноправно членство во Европската Унија“, нагласи тој.
Од аспект на тоа како се носат одлуките во Европската Унија, како што нагласи Муцунски, потребен е консензус за евентуална промена на методологијата или правилата поврзани со проширувањето.
„Според она што го слушаме, постојат неколку различни идеи за тоа како одредени земји-членки или групи земји-членки, па дури и Европската комисија, ја гледаат иднината на политиката на проширување. Но, она што е јасно е дека, барем во овој момент, нема консензус за ниту едно од овие алтернативни решенија“, додаде министерот.
Коментирајќи го ставот на опозицијата, Муцунски нагласи дека станува збор за политички субјект кој го променил името на државата, вети дополнителни уставни измени и направил важни национални отстапки со цел да напредува кон европскиот пат.
The post Муцунски: Наш неисполнет стратешки приоритет е што побрзо да ги отвориме преговорите и да се приклучиме кон Европската Унија appeared first on Во Центар.



