Му го спасиле кучето од рак, им платил реклама на ветеринарите од 6 милиони на Супербол

Дејвид МекНил, основач на компанијата WeatherTech, во знак на благодарност кон ветеринарите од ветеринарскиот факултет Висконсин-Медисон, кои неговото куче Скаут го излекувале од рак, им платил реклама на Супербол која чинела околу шест милиони долари.
НекНил цената ја платил за реклама од 30 секунди, а наводно ќе биде емитувана за време на втората четвртина од натпреварот кој ќе се одржи во недела.
Ова не е првпат Скаут да се најде на големиот екран, тој бил „актер“ во рекламата на WeatherTech на минатогодишниот Супербол.

-Здраво, јас сум Скаут и јас сум среќно момче. И тоа не е затоа што нашол супер стап или затоа што бев во реклама минатата година. Тоа е затоа што преживеав рак, имав тумор на срцето и само еден процент шанса да преживеам, „вели“ Скаут во рекламата.
МекНил изјавил дека минатата година му кажале дека неговото куче има еден месец живот.
-Кога се вративме дома, Скаут застана во аголот од собата и мавташе со опашката. Тогаш помислив, нема шанса да го успијам, едноставно не го сакам тоа, вели тој.
МекНил ги загубил претходните три кучиња поради рак, а тогаш на ултразвук било покажано дека тој има тумот.
На крај од рекламата, храбриот Скаут ги повикува гледачите да донираат за факултетот и неговиот центар за истражување.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.