Му поставила строги правила за нивната врска: Погледнете што му забранува

Во секоја љубовна врска постојат одредени правила до кои се придржуваат партнерите, но што доколку едниот од нив има прилично големи барања?
Токму тоа му се случило и на ова момче, а листата на правила кои му ги поставила неговата нова девојка завршила на интернет. Токму поради тоа, сега луѓето го советуваат да ја остави.
Идентитетот на (не)среќникот кој ги добил правилата не е познат, а листата со дури 22 точки набрзо станала вирална.
Еве кои се нејзините барања:
1. Нема да имаш броеви од слободни девојки во твојот телефон.
2. Нема да ги следиш на социјалните мрежи (вклучувајќи Инстаграм, Снепчет и Твитер).
3. Нема да се дружиш со Киган (ни кај него, ниту во јавност).
4. Нема да се возиш во својот автомобил без мене.
5. Нема да се дружиш со пријателите повеќе од два пати неделно.
6. Нема да гледаш слободни девојки.


7. Ако ти се приближи девојка на било кое место, веднаш ќе се свртиш и ќе си заминеш.
8. Мо нема да се дружи со нас секој пат кога сме заедно.
9. Нема да бараш да ти пружам орален секс.
10. Нема никогаш да ми се налутиш на мене.
11. Никогаш повеќе не смееш да ги споменеш Тајлер, Ноа, Девен и Џош.
12. Не смееш да пиеш алкохол освен кога јас сум со тебе.
13. Смеам да го проверувам твојот телефон секогаш кога ќе ми падне напамет.
14. Ако почнеме да живееме заедно, не смеат да доаѓаат девојки во нашиот дом.
15. Ако почнеме да живееме заедно, твоите пријатели ретко смеат да не’ посетуваат.
16. Ако те видам со девојка, ќе те убијам.
17. Никогаш не смееш да ми откажеш состанок поради пријател.
18. Остин нема право на глас околу тоа кога ние се гледаме.
19. Најмалку на секои две недели да ме носиш на состанок.
20. Ако ти кажам да скокнеш, ти ќе прашаш “Колку високо, принцезо?”.
21. Мораш секој ден барем еднаш да ми кажеш дека ме сакаш.
22. Никогаш не смееш да чекаш подолго од 10 минути за да ми одговориш на порака.
Како дотичниот реагирал на оваа листа не се знае, но корисниците на социјалните мрежи не можат да си дојдат при себе.
“Најди си нова девојка”, “Ова е класичен пример на злоставување во врска. Ова не е симпатично, ова е претерано контролирање. Ако вашата сегашна или идна девојка направи ваква листа, фрлете ѝ ја пред нозе и бегајте”, “Ако таа ти е девојка, си ја одбрал погрешната”, “Еднаш една поранешна девојка ми даде таква листа, не можев да престанам да се смеам”, се само дел од коментарите кои се најдоа на социјалните мрежи.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.