Му родила дете на покојниот сопруг 5 години по неговата смрт: Имала необично барање од докторот, а потоа ѝ се исполнила желбата

Кимберли Холмес Иверсон пред пет години останала без сопругот Рашид, кога настрадал во сообраќајна несреќа која се случила на само неколку метри од нивниот дом.
Нивните заеднички соништа да се остварат како родители, биле срушени за само еден ден. Меѓутоа, Кимберли се сетила да ги праша докторите дали постои можност да се земат примероци од семена течност од нејзиниот покоен сопруг.


„Кога Рашид настрада, после неколку часа, ги замолив пријателите да се распрашаат за тоа дали би можела да побарам таква работа од докторот“, раскажала таа.
Се покажало дека тоа е можно. Лекарите земале генетски материјал од Рашид и го замрзнале, а Кимбери отишла на ин витро оплодување 5 години по смртта на нејзиниот сопруг.
Кимберли своето искуство за ин витро оплодувањето го опишала во својата книга, во која открила дека за време на бременоста ја запознала својата нова љубов – Даријен.
„Даријен е неверојатен и полн со љубов и нему воопшто не му пречи тоа што му родив дете на мојот покоен сопруг“, вели Кимберли.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.