Му ја намалиле платата затоа што поминувал премногу време во тоалет, а кога ќе видите колку часови бил отсутен…

Неименуван маж од Тајван предизвика контроверзии на социјалните мрежи откако се пожали на намалување на платите поради премногу време поминато во тоалетот за време на работното време.

Незадоволен вработен, идентификуван само како „ Mr. A.“ („Г-дин А“) неодамна објави на Facebook, изразувајќи ја својата фрустрација и разочараност што компанијата во која работи задржала дел од неговата месечна плата бидејќи претходниот месец поминал премногу време во тоалетот.

Џенифер Лопез и Бен Афлек се пред развод по вторпат: Актерот веќе се иселил од нивниот дом!? (фото)
Американскиот актер, режисер и продуцент Бен Афлек и пејачката и актерка Џенифер Лопез се на работ на развод по вторпат, а според американскиот магазин „In Touch …
Шолц, Макрон и Мелони со писмо до Курти: Предлогот на Лајчак е солиден модел за ЗСО
– Германскиот канцелар Олаф Шолц, францускиот претседател Емануел Макрон и италијанската премиерка Џорџа Мелони во писмо до премиерот Албин Курти потврдија дека предлогот на претставникот на …

Неименуваниот тајванец признал дека потрошил огромни 49,5 часа во тоалетот, што во просек поминува околу два часа време за тоалет дневно, но рече дека работодавачот не го информирал дека може да ја намали платата поради предолгите паузи за тоалет.

Тајванецот ја објави својата приказна на Facebook групата Blaume 2 Commune, прашувајќи друг член за совет како да постапи понатаму.

Тој објасни дека минатиот месец работел 22 дена како приправник, вкупно 195 часа по саатница од 160 јуани. Сепак, на денот на плаќањето, тој забележал дека му биле одземени околу 4.400 јуани, па решил да се обрати во одделот за човечки ресурси на компанијата.

„ Mr. A.“ бил информиран дека, според внатрешните снимки од видео надзор, тој минал скоро 50 работни часа во тоалетот во текот на претходниот месец, и бидејќи администрацијата дозволува само еден час употреба на ден во просек, од него се иземени 27,5 часа плата.

„Добро, долго време сум бил таму, но дали тоа значи дека моите пари можат да се одземат неселективно? праша човекот, додавајќи дека компанијата веќе се заканила дека ќе го отпушти доколку „не ја остави на мира оваа внатрешна работа“.

Човекот рече дека размислувал да ја пријави компанијата во Бирото за труд, но дека неговите родители се против тоа и му рекле да ја спушти главата и да ја задржи работата потоа.

„Ако не можам да поминувам време во тоалетот, тогаш ќе извршам нужда во панталоните и тогаш на сите ќе им смрди во канцеларијата. Јас сум навистина шокиран од сето ова“, заклучи г-дин „Mr. A.“.

Овој бизарен случај наиде на различни реакции на социјалните мрежи, при што некои велат дека ја разбираат одлуката на работодавачот, затоа што 50 часа во тоалет во текот на работното време е премногу, а други го поддржуваат човекот и го охрабруваат да го пријави својот работодавец кај властите.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.