М-НАВ: Ни се случи обид за хакерски напад на меил серверот

 Според информациите на Канал 5 македонска навигација неколку дена била оставена без интернет, поради што останале без клучни податоци од метео службата и од центарот за обработка на летови.

М Нав со денови мета на хакерски напад. Според информациите на Канал 5 македонска навигација неколку дена била оставена без интернет, поради што останале без клучни податоци од метео службата и од центарот за обработка на летови. Од М – НАВ  појаснуваат дека првичната анализа на тимот експерти за сајбер безбедност покажала дека се работи за обид за нелегално влегување во административниот дел на компјутерската мрежа на М-НАВ, но дека тоа во ниту еден момент не влијаело на безбедноста на воздушниот сообаќај.

-М-НАВ деновиве е во исчекување и на официјалниот извештај од МВР за да се потврдат причините и евентуално да се пронајдат сторителите на овој обид за хакерски напад. Важно е да се истакне дека оперативните системи за управување со воздушниот сообраќај во ниту еден момент не беа засегнати, бидејќи меил серверот на административниот дел не е поврзан со системите за управување со воздушниот сообраќај. На тој начин, безбедноста и континуитетот на воздухопловно-навигациските услуги останаа целосно обезбедени,- – М НАВ
Од М-Нав потенцираат дека административната мрежа на М-НАВ е вратена во целосна функција со подигање на back_up бази. МВР пријавата за проблеми со пристапот до серверот ја добиле пред 10-ина дена, по што бил извршен увид од единицата за сајбер криминал на МВР……
Според извори во МНАВ, кои сакаат да останат анонимни, за Канал 5 велат дека над половина милион евра се дадени за сајбер безбедноста на фирма од Скопје, надлежна за имплементација на системот за отпорност од сајбер напади.
КАНАЛ 5

Пронајдете не на следниве мрежи: