Набавете ја оваа билка ако сакате куќа полна со пари

Најпознатите исцелители на негативна енергија во домот се бујните, зелени билки кои не само што ќе донесат позитивни вибрации во домот, туку, како што се верува, и богатство.
Според некои верувања, постојат билки кои ја привлекуваат енергијата на богатството.
Такво е и јапонското дрво на парите, со латинско име “Crassula ovata”. Оваа билка која носи различни називи, секаде е позната како билка која носи пари. На англиски на пример, често се нарекува „money tree“.


Се верува дека присуството на билката во просторијата позитивно влијае на работата. Затоа е одличен избор за во канцеларии, а во некои азиски земји се пренесува од колено на колено.
Фенг шуи препорачува оваа билка да се држи од десната страна на влезната врата како би привлекла пари. Потекнува од јужна Африка, доста е отпорна и не ја напаѓаат штетници.
Инаку, може да се купи и во Македонија.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.