четврток, 12 ноември 2026
Најново

Навивачите на АЕК ги нападнаа своите играчи

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Средбата од претпоследното 29-то коло на грчкиот фудбалски шампионата меѓу атински АЕК и Пантракикос беше прекинат во 87 минута при резултат 0:1, бидејќи незадоволните домашни навивачи влетале на теренот и се обиделе физички да се пресметаат со играчите на својот клуб.

Во натпреварот кој одлучуваше за опстанокот во лигата гостите повеле со автоголот на Бугаидис во 84 минута од мечот, што ја предизвикало гневната реакција на навивачите, а играчите на двата тима спасот го побарале во соблекувалните.
 АЕК е претпоследен, 15-ти на табелата со 30 бодови, колку што има и Пантракикос на 14-то место коешто обезбедува опстанок, додека 15-от испаѓа во втората лига.
Макфакс
Средбата од претпоследното 29-то коло на грчкиот фудбалски шампионата меѓу атински АЕК и Пантр

Поврзани вести