Навредувал граѓани и ја нападнал полицијата

Од МВР само кратко информираа за инцидент кој се случил на гласачко место во Ново Лисиче. Според информацијата едно момче на возраст од 22 години било приведено затоа што ги навредувало граѓаните кои излегле да гласаат, а потоа и ги нападнало полициските службеници кои пристапиле да интервенираат.
„На гласачко место во ОУ „Лазо Ангеловски“ во Скопје, машко лице го нарушило јавниот ред и мир со тоа што навредувало граѓани и физички нападнало полициски службеници. Лицето е приведено во ПС Аеродром и утврдено е дека се работи за К.Ж.(22) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на настанот“, велат од полициајта.
Очевидци на настанот, пак, велат дека инцидентот бил од поголеми размери и дека се работи за група на момчиња кои го попречувале гласањето и кои се судриле со полицијата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.