Наглото откажување од нездрава храна предизвикува анксиозност и главоболка

Доколку сте се чувствувале чудно или сте имале главоболка после откажување од нездравата исхрана, тоа е бидејќи поминувате низ симптомите на зависност, појаснуваат експертите.
Судејќи според анализата на нутриционистите, која е објавена во магазинот “Live Science”, личностите кои нагло престануваат да јадат чипси или колачи, преживуваат исти симптоми како и оние кои ќе престанат да пушат цигари. Во тие случаеви можат да почувствуваат вртоглавица, анксиозност, копнеж, главоболка и несоница.


За време на истражувањето експертите побараа од 200 испитаници, кои биле на диета во изминатите години, да одговорат на неколку прашања за симптомите. Нивните одговори покажале дека речиси сите се соочуваат со психички и физички потешкотии поради откажување од нездрава храна.
Лидерот на истражувачкиот тим, психологот Ерика Шулте рекла дека ова е првото истражување за симптомите кои луѓето можат да ги искусат поради храната.
“Ова истражување укажува на тоа како преработената храна, која обично содржи прекумерна количина на шеќер може и тоа како да предизвика зависност”, рече Ерика.
Меѓутоа, експертите од Универзитетот во Мичиген не го истражиле детално интензитетот на симптомите кај испитаниците. Сепак, веруваат дека резултатите до кои дошле се одлична почетна точка за идни истражувања за зависност од храна.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.